ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО
ЈЦС СИНТЕК


Визијата за отварање на склад од ваков тип произлегува од идејата да се изгради квалитетен и практичен објект во кој ќе се нуди услуга која ќе биде на високо професионално ниво и каде корисниците на услугите ќе бидат задоволни од сервисот кој ќе им биде понуден по конкурентна цена.
Нашата цел е корисниците на услугите да немаат никакви забелешки, да добијат брза и квалитетна услуга со што ќе се уверат дека се работи за склад кој работи високо професионално и нуди максимална безбедност на нивната стока.
Во согласност со глобалните и локалните цели на компанијата, нашата политика за квалитет ја реализираме преку:
-Врвна грижа за корисниците и врвни услуги Одлично ги познаваме нашите корисници и токму затоа умееме соодветно да одговориме на нивните барања и да ги надминеме нивните очекувања;
-Тим составен од искусни и мотивирани работници За да ги постигнеме нашите основни цели: професионалност, ефикасност, стабилност и континуиран развој воведовме систем на организација кој сметаме дека е најсоодветен за нашата дејност и нашите корисници.
Менаџерскиот тим е составен од кадри кои имаат долгогодишно работно искуство во оваа област, а останатите вработени се внимателно избрани лица кои имаат значително работно искуство во предметната област. Со цел да ги мотивираме своите вработени и да создадеме тимски дух меѓу нив, овозможуваме постојана обука и можност за напредување преку проширување на работните задачи и зголемување на надлежностите.
-Модерни системи и технологија Применуваме модерни системи и најнова технологија, со што на нашите корисници им го нудиме најдобриот можен квалитет;
-Водечка позиција на пазарот Одговорноста, флексибилноста и искуството, иновативно размислување,самоиницијативност и ефикасност во креацијата на деловната политика ја гарантираат нашата водечка позиција на пазарот
-Целосен квалитет во работењето Реализацијата на развојната политика е поткрепена со негување и развој на концептот за целосен квалитет во нашите услуги.

ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ
ЕФИКАСНОСТ



СТАБИЛНОСТ
РАЗВОЈ