ЦЕНОВНИК


1.МАНИПУЛАЦИЈА (ХЕНДЛИНГ - ИСТОВАР/УТОВАР)


А. ЗА ЗБИРЕН ПРОМЕТ (ПОВЕЌЕ ПРИЕМАЧИ):

до 20 кг

500 мкд / пратка

20 - 50 кг

600 мкд / пратка

50 - 100 кг

700 мкд / пратка

100 - 300 кг

800 мкд / пратка

300 - 500 кг

900 мкд / пратка

500 - 1.000 кг

900 + 100 мкд на започнати 100 кг / пратка

1000 - 3.000 кг

900 + 80 мкд на започнати 100 кг / пратка

над 3.000 кг

900 + 60 мкд на започнати 100 кг / пратка



Б. ЗА ПРОМЕТ СО ЕДИНСТВЕН ПРИЕМАЧ (ЦЕЛИ КАМИОНИ):

− се засметува минус 10% од цените изразени во точка А.

* напомена:
• цените се однесуваат на истовар/утовар како една целина и се неделливи;
• за секое посебно искладиштување (со остаток) се наплаќа посебна манипулација според тежината која се издава;
• цените се однесуваат на бруто тежините и се заокружуваат на започнат тон или 100 кг во зависност од точките А и Б;
• за манипулација со непалетизирана стока се засметува +20% од цената;
• за манипулација на стока која се прескладиштува од царински склад во јавен склад на понатамошно складирање се засметува и 50% од цената;
• за манипулација со стоки за кои е потребна рачна манипулација, стоки кои бараат надзор и посебна внимателност (кршливи, замрзнати, прашливи, расипливи, вредносни стоки, опасни материи, рефус пратки и слично), како и пратки со колето над 1.500 кг, се засметува +20% од цената.



2.СКЛАДИШНИНА

А. ЗА ЗБИРЕН ПРОМЕТ (ПОВЕЌЕ ПРИЕМАЧИ);

Б. ЗА ПРОМЕТ СО ЕДИНСТВЕН ПРИЕМАЧ (ЦЕЛИ КАМИОНИ):

до 1.000 кг 0.040 мкд / кг / на ден
1.000 - 3.000 кг 0.038 мкд / кг / на ден
над 3.000 кг 20 мкд / започнат тон / на ден

* напомена:
• цените се пресметуваат по ден започнувајќи од денот на сместување на стоката во складот до денот на преземање на истата, а се однесуваат на бруто тежини;
• основна (појдовна) вредност на пресметаната складишнина во Т.2 на преземање по пратка или дел од пратка = 520 мкд;
• за сместување и чување стока на ИМА7 веднаш се засметува +10%, за период од третиот до шестиот месец +50%, а по шестиот месец +100% од цените изразени во точка 2;
• габаритна стока се засметува 1м3 = 330 кг;
• за сместување на термолабилна стока во комора се засметува +200% од цената;
• за сместување на стока за која се користат специјални услови и простории се засметува +100% од цената;
• за оцаринети стоки, неподигнати по рок од 5 дена од денот на ослободување на пратката се засметува +50% од цената.


В. СКЛАДИРАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА:

мотори:

1800 мкд / за првиот месец

патнички возила

2500 мкд / за првиот месец

комбе / трактор

3000 мкд / за првиот месец

товарни возила (без приколици)

3500 мкд / за првиот месец

товарни возила (со приколици)

4500 мкд / за првиот месец

за складирање на секој дополнителен ден по истекот на првиот календарски месец се засметува по 100 мкд дневно за сите категории, освен за последната по 150 мкд



3.ДРУГИ УСЛУГИ


− претовар (од возило во возило)

до 3 тона

1050 мкд

3 - 5 тона

2050 мкд

5 - 10 тона

3050 мкд

10 - 15 тона

4050 мкд

15 - 20 тона

5050 мкд

20 - 25 тона

6050 мкд

25 - 30 тона

7050 мкд

над 30 тона

по договор



* напомена:
• цените се пресметуваат еднократно, а се однесуваат на бруто тежини;
• за манипулација со непалетизирана стока се засметува +20% од цената.

присуство на претходен и дополнителен преглед

6 мкд / колето

постапка за уништување на пратка

1.960 мкд / пратка

сортирање на стоки по ф-ра во склад

600 мкд / пратка

земање мостра, фито/санитарен/ветеринарен преглед

600 мкд / пратка

палетизирање

1.090 мкд / палета

стречирање-пакување

600 мкд / палета

ангажиран работник на барање (по започнат час)

200 мкд / час

посебни услуги на барање на депозиторот

по договор

пријавување на пратка со поедноставена постапка “Овластен примач“

1.000 мкд + 18% ддв

за искористеност на банкарска гаранција за стоки со повисока вредност од 100.000 евра се засметува 0,1% за месечен период од фактурната вредност на стоката



4.ОПШТИ УСЛОВИ



РАБОТНО ВРЕМЕ

− работно време со странки: 08:00-16:30 часот (од понеделник до петок), 08:00-14:30 часот (сабота).
− за услуги вон објавеното работно време, како и во неделите, државни и верски празници се засметува +20% од цената.


ФАКТУРИРАЊЕ

− минимален износ за наплата на вкупна услуга е 1.020 мкд.
− во цената не е вклучен ддв (ќе се калкулира каде што е применливо).
− ценовникот арх.бр. 02-21/1 е во примена од датум 01.11.2011 и важи до негово отповикување без обврска за претходна најава. Сите настанати промени се објавени и можат да се следат на интернет страната: www.sintekjcs.com.mk.


ОДГОВОРНОСТ

− за стоките во складот одговара држателот на складот според состојбата на стоките во моментот на прием во складот, како и настанатите промени во состојбите на барање на сопственикот на стоките или од него овластено лице со писмено одобрение од царински орган.
− приемачите на стоките се обврзани при преземање на стоката истата да ја прегледаат и евентуалните забелешки записнички да ги констатираат со одговорното лице од складот, во спротивно ќе се смета дека преземената стока е уредно предадена.
- евентуалното обештетување неможе да ја надмине фактурната вредност на стоката, што воедно претставува и нејзина вистинска вредност.
− стоките со потврда за влез се складираат во ЈЦС Синтек на неопределено време (исклучок ППЧ). Доколку држателот на складот од одредени причини побара од примачот на стоките, односно од налогодавачот за вскладиштување-допремувач (со едно име:корисник на услуги) стоките да се дислоцираат/прескладиштат од ЈЦС Синтек, корисникот на услуги е должен истото да го изврши во рок од 30 дена сметано од денот на писменото известување. Во спротивно, корисникот на услуги потврдува дека се откажува од правото на сопственост на стоките и ги предава на располагање и во сопственост на држателот на складот, кој меѓудругото може стоките да ги отстапи во корист на РМ, а сите настанати трошоци ги прифаќа во целост корисникот на услугите.

ЈЦС СИНТЕК Доо _ Скопје